Се одржа семејниот „Еко грин фестивал“, кој три дена ги забавуваше гостите во Маврово.
Словенечкиот техно-диџеј Валентино Канцијани ги загреа гостите собрани крај Мавровското Езеро на саботната забава, а му помогнаа и македонските диџеи Ајсберг, Никифор, Мачки, Томи Бојаџи, бендот „Конкеринг лајон“.
За децата беше организирана забава со најголемите домашни детски хитови, а фестивалот организираше и спортски игри, како влечење јаже, возење велосипед, како и дегустација на мавровски специјалитети. Хотелите беа преполни поради симболичната цена од 10 евра за ноќевање со појадок, а дел од гостите избраа да преспијат во бесплатниот камп.
Петочниот ден го обележа концертот на легендите „Леб и сол“, а во саботата настапи Дани Димитровска.
Фото: М. Костовска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.