| четврток, 6 декември 2018 |

„Леб и сол“ ќе прослави 40 години постоење со проштален концерт

Во вторник, 20.12.2016 г. нашата позната рок група Леб и Сол, ќе прослави 40 години од своето постоење и делување, воедно тоа ќе биде и нејзин последен настап со кој се заокружува една блескава музичка историја. За концертот е предвидена специјална програма, а составот ќе го придружува симфониски оркестар, за кој се изработени и специјални аранжмани.

-Ја  исвестуваме јавноста дека првиот концерт закажан за 20.12.2016 г. е веќе распродаден, а билети можат да се купат за вториот кој е закажан за наредниот ден, среда, 21.12.2016 г. со почеток во 20 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет, велат од МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top