| четврток, 6 декември 2018 |

20 руски морнари исчезнаа во Јапонско Море

20 морнари исчезнаа откако руски рибарски брод се преврте во Јапонското Море во близина на рускиот брег.

На бродот Шанс 101 имало 30 члена посада, а спасувачките екипи успеале да спасат 10 од нив.

Меѓу исчезнатите имало 19 Руси и Индонезиец. Бродот испловил од пристаништето Находка во Русија, а потонал 50 километри источно од местото Светлаја. За сега нема информации за причината за несреќата. Во акцијата за спасување учествувале 4 брода, хеликоптер и авион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top