| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец ја спука со Червар (видео)

Renato-Vugrinec-1Голманот на Металург, Дарко Станиќ, ќе заврши пред дисциплинците во РФМ, а раководството на тимот од Автокоманда ќе одлучи дали ќе ја санкционира кавгата меѓу хрватскиот стручњак Лино Червар и словенечкиот интернационалец Ренато Вугринец за време на финалето на турнирот во Струга.

Дневник“ објави дека Станиќ го очекува казна од РФМ поради инцидентот што се случи во последната минута на финалниот натпревар против Иври. По една ситуација во која беше повреден играч на Металург, додека судијата Славе Николов се движеше покрај клупата на скопјани, прво вербално беше нападнат од Станиќ, а откако доби директен црвен картон и дисквалификација, српскиот интернационалец тргна со намера и пожестоко да се пресмета со судиите.

„Олеснителна околност“ за Станиќ е што тој ќе биде казнет според „стариот“ дисциплински правилник зашто новиот, кој содржи построги казни, беше изгласан во саботата од страна на УО на РФМ и од Собранието, но ќе стапи во сила осум дена по донесувањето.

Станиќ имаше 10 одбрани во првото полувреме, од кои шест во првите седум минути.

Вербален дуел, на раб на инцидент, имаше и на клупата на Металург, каде што тренерот Червар и играчот Вугринец имаа неколкуминутно шоу во кое погласен беше хрватскиот тренер, кој не само што викаше на играчот туку и повеќепати вербално го навредуваше. Играчите спречија Вугринец да не стигне блиску до тренерот бидејќи сигурно ќе имаше и нешто повеќе од контакт. Судиите ги предупредија делегатите на средбата да ја смират клупата зашто во спротивно ќе има казна. Сега останува само клубот да реши дали има основа за некоја дисциплинска мерка.

Дуел на Лино со Вугринец имаше и на меч од ЛШ претходната сезона кога Червар на тајмаут го обвини десниот бек за незалагање, а тоа го регистрираа и ТВ-камерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top