Претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито, немал хрватско потекло, се наведува во документот за фонетската анализа на јазикот кој го зборуваше Тито. Овој документ неодамна беше објавен откако му беше тргната ознаката доверливо. Се констатира дека српскохрватскиот јазик на Тито имал странски акцент.
– Самогласката И се изговара после меки и тврди согласки. Од друга страна, оние на кои мајчин јазик им е полски или руски, зборовите ќе ги изговараат со меко Н. Така и Тито ги изговарал зборовите, па затоа и неговиот акцент се претставува како странски акцент – говорат податоците од анализата.
Авторот на анализата ја правел истата на основа на говор на Тито во 1977 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.