| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен скопски разбојник

Скопски разбојник познат по прекарот Старка повторно е уапсен поради напад на момче.

Скопската полиција го привела Е.С. (29) викан Старка од Скопје, а во пријавата е наведено дека во нападот учествувале уште пет други непознати лица.

Истражeн  судија на Е. С. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 21 овој месец, околу 19,30 часот, Е. С. и уште пет други непознати лица отишле  на улицата Антон Попов во Скопје,  каде што со употреба на физичка сила и остар предмет (најверојатно нож) му нанеле телесна повреда на  Е.Д. , при што му одзеле мобилен телефон марка „сони ериксон“ со СИМ-картичка . Инаку,  Е. С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, за што досега повеќепати бил кривично пријавуван и казнуван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top