Две момчиња се тешкоповредени во железничка несреќа што се случила вчеравечер околу 21.30 часот во Велес откако патнички воз, кој сообраќал на релација Битола – Скопје, удрил во автомобил.
Од ударот автомобилот бил исфрлен од пругата и завршил во сигнализацијата крај патот, а двете дваесетгодишни момчиња од Велес, кои биле во возилото, добиле тешки повреди. Според првичните информации, тие, сепак, се надвор од животна опасност.
Причините за несреќата што се случила на премин со сигнализација засега не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.