| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ не сака азиланти од Македонија

azilanti

Во списокот од триесет земји чии граѓани најмногу барале азил во Европската унија во првиот квартал од годинава, Македонија се најде на 22. место, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик.

Во тој период, биле разгледани 1.335 барања за азил што македонски граѓани ги поднесле во некоја земја од Европската унија.
Земји од регионот кои се најдоа пред Македонија на овај список се Косово и Србија, со по над 3.300 баратели за азил, Албанија со над 2.200 и Турција со 1.660 апликанти.

Земји од регионот кои се најдоа пред Македонија на овај список се Косово и Србија, со по над 3.300 баратели за азил, Албанија со над 2.200 и Турција со 1.660 апликанти.
На врвот, како што се посочува во најновата анализа на Еуростат, одделот за статистика на Европската унија, е Русија.

Во првиот квартал од годинава, над 8.400 Руси, половина од нив под 18 години, аплицирале да добијат статус на бегалец во некоја земја од Европската унија. Тоа е за 4 илјади повеќе од лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top