Во петокот во соседна Албанија се одржа финалната вечер на светски познатото музичко шоу „The Voice“, лиценца која во моментов ја поседува популарната албанска телевизија „Top Channel“. Изминативе четири месеци, четиричлената жири комисија меѓу илјадниците кандидати го бараше најдобриот вокал.
Престижната титула и припадна на Венера Љумани, која долго време се занимава со музика и во моментов студира на музичката академија во Скопје. Венера ја паметат и како учесник на шоуто „Star Academy“ во Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


