| четврток, 6 декември 2018 |

Посесивен фан на пејачката Селена Гомез извршил масакр во Оклахома

Selena gomez fan

Посесивен обожавател на пејачката Селена Гомез е обвинет за четирикратно убиство што го извршил во неговиот дом.

Четириесетгодишниот Даниел Грин од Оклахома Сити бил уапсен веднаш по колежот во кој ги убил неговата мајка, сестра му и двете внучиња, од кое едното имало седум месеци.

Профилот на „Фејсбук“ на убиецот бил преполн со фотографии и песни од пејачката Селена Гомез, а тој објавувал статуси во кој пишувал дека сакал да се ожени со неа и дека ја сака повеќе од неговото семејство.

– Сакам да ми биде вечно жена и кралица на моето кралство засекогаш. Ја сакам повеќе од Господ, од мојата мајка, татко, Исус и самиот себе – напишал Грин.

Тој ѝ бил познат на полицијата и претходно, а Селена неколку пати го пријавувала за малтретирање.

Мотивите за четирикратното убиство сѐ уште не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top