За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Македонија е земја без име. Тој ова го изјави во емисијата „Патот кон“ на Мухамед Зекири, која се емитува на телевизијата „Алсат-М“.
Според лидерот на ДУИ, Албанците во Македонија не се согласувале со референцата ФИРОМ.
– Крајно време е да се реши спорот со името. Ние веќе не ја сакаме референцата ФИРОМ, Албанците не се согласуваат да се викаат ФИРОМ затоа што тие не се Словени. Ние сме земја без име – изјави Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.