Полицаец од Струмица вчера бил нападнат и повреден од сопственик на локал откако отишол да интервенира заради нарушување на јавниот ред и мир.
Инцидентот се случил околу 23,45 минути во локалот лоциран во градската стоковна куќа. Според полицијата, нивниот службеник отишол да интервенира заради нарушување на редот и мирот, но сопственикот на локалот, Т.М., го нападнал удирајќи го со тупаници во стомакот, и навредувајќи го со погрдни зборови. Од ударите полицаецот морал да побара и лекарска помош во градската болница.
Полицијата работи на случајот по што ќе следуваат и соодветни кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.