| четврток, 6 декември 2018 |

Карикатура на „Сандеј тајмс“: Нетанјаху гради ѕид од палестински тела (фото)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, гради ѕид од палестински тела, вака карикатуристот на лондонски „Сандеј тајмс“ го одбележал денот на холокаустот.
netanjahu

Покрај карикатурата на авторот Џералд Скарфе стои наслов: “Израелски избори – ќе продолжи ли градењето на ѕидот?”.

Оваа карикатура би била навредлива во кое било време до годината, но да се објави на Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот е болно и предизвикува загрижувачки мисли, оценува претседателот на Европскиот еврејски конгрес Моше Кантор, кој додава дека таква навреда бара моментално извинување од карикатуристот и од уредникот на весникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top