На тенискиот турнир во Синсинати што се игра од Мастерс серијата во финалето ќе се сретнат Рафаел Надал и домашниот тенисер Џон Иснер.
Надал на кого ова му е прво финале во Синсинати во полуфиналето го победи чешкиот тенисер Томаш Бердих со 2-0 ( 7-5, 7-6 ) во сетови. Кога се очекуваше дека првиот сет ќе се заврши во тајбрејк Шпанецот успеа да направи брејк на сервис на противникот и успеа да поведе со 1-0. Во вториот сет Надал се покажа по присебен во тајбрејкот и го освои за конечни 2-0.
Во второто полуфинале домашниот тенсиер Џон Иснер кој е најголемото изненадување на турнирот совладувајќи го во четвртфиналето првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ во полуфиналето го победи Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро по голема борба со 2-1 ( 6-7, 7-6, 6-3 ) во сетови. Првиот сет заврши во тајбрејк освојувајќи го дел Потро. Во вториот слична ситуација но Иснер овојпат го освојува сетот. Во третиот сет Иснер уште на самиот почеток прави брејк на сервис на противникот и рутинирано до крајот на сетот го осовјува својот сервис и победува за пласман во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


