Осумнаесетгодишната Симона Станковска е новата Мис Македонија. Желба на скопјанката висока 175 сантиметри е да биде успешна балерина. Нејзино хоби е балетот.
Симона доби убедливо најмногу гласови од жири-комисијата на овогодинешниот финален избор, што во организација на Модното студио „Црнокрак“ се оддржа во Дојран. Таа ќе ја претставува земјата на „Мис Глоуб“.
Прва придружничка е Христина Тончевска од Пробиштип, која сонува еден ден да биде одлична актерка. Тетовчанката Кристина Димитријевска пак е втора придружничка. Нејзино хоби е каратето, а сонува да биде капитен на фудбаласка репрезентација на Македонија.
Штипјанката Деспина Царева, една од најкоментираните финалистки на овој избор, се избори за титулата Мис публика. Тетовчанката Ана Трајковска беше избрана за Мис боди, скопјанката Мартина Димитрова за Мис шарм, а нејзината сограѓанка Ана Марија Таневска за Мис фото.Тетовчанката Анџела Трпевска пак се закити со титулата Мис фејс.
Факултетот за туризам и менаџмент на сите 14 финалистки им додели стипендии во вредност од по 6 000 евра, како и патување на првите три девојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.