| четврток, 6 декември 2018 |

Нови докази: Принцезата Дајана била убиена

dajana princeza

 

 

Британската полиција добила нови информации од воени извори кои покажуваат дека постои веројатност принцезата Дајана да била убиена.

Според британски Скај, принцезата од Велс, Доди ал Фајед и нивниот возач биле убиени од припадник на британските воени единици. Информацијата на полицијата и ја дала роднина на поранешниот војник. Покрај ова сведоштво, полицијата најверојтно има и нови информации за дневникот на Дајана за кој до сега не се знаеше многу. На основа на овие информации не може да се исклучи повторно отворање на истрагата.

Официјалната истрага утврди дека причина за смртта на Дајана е брзото возење на возачот, но и возачот кој ги следел со мерцедес. Тогашниот висок полициски службеник Лорд Стивенс ги отфрли сите тврдења дека принцезата и ал Фајед биле убиени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top