| четврток, 6 декември 2018 |

Започнa „ Примера дивизион“

logo

Со вчерашните три натпревари од шпанското фудбалско првенство започна 83 издание на Примера дивизион.

Битката и оваа како по традиција ќе се одвива меѓу Барселона и Реал Мадрид. Двата клуба имааат доста измени во составите почнувајќи од тренерите. Херардо Тата Мартино го замени Тито Виланована клупата на Барселона, додека италијанецот Карло Анчелоти седна на „жешкото“ столче на Реал Мадрид заменувајќи го„специјалниот“ Жозе Мурињо.

Со доаѓањето на Нејмар се чини дека Барса е поголем фаворит во ова првенство кој заедно со Меси, Чави, Иниеста треба да ја продолжи низата од четири освоени првенства во последните пет години.

Реал Мадрид пак се заврте кон домашниот пазар и успеа да ги доведе талентираните Иско, Илјараменди и Карвахал. Тренерот на Реал има поголемо искуство во натпревари од Лигата на шампионите бидејќи со Милан веќе ја освојувал.До крајот на преодниот рок за трансфер на фудбалери се очекува Реал да го доведе Герет Бејл од Тотенхем и да го направи најскапиот тренсфер во историјата на фудбалот.

Останатите клубови кои може само да пробаат да замешаат прсти во борба за титулата се Валенсија, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад…

Во вчерашните натпревари се постигнати следните резултати: Реал Сосиедад – Гетафе 2-0, Валјадолид – Атлетик Билбао 1-2 и Валенсија – Малага 1-0.

Во останатите натпревари од првото коло се среќаваат: Барселона – Леванте, Осасуна – Гранада, Реал Мадрид – Бетис, Севилја – Атлетико Мадрид, Рајо Валјекано – Елче, Алмерија – Вилјареал и Селта Виго – Еспањол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top