Во второто коло од германскиот фудбалски шампионат популараната „Будес лига“ фудбалерите на шампинот Баерн минимално со 1-0 победија на гостувањето кај Ајнтрахт од Фракфурт. Единствениот гол го постигна хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ во 13 минута. Со овој прекрасен гол тој се повеќе се наметнува кај новиот тренер Пеп Гвардиола за стартниот состав на европскиот шампион.
Нови три бода заработи и тимот на Николче Новески Мајнц на гостински терен против екипата на Фрајбург со 2-1.
Уште два тима од Германија имаат максимален учинок по две одиграни кола. Баер Леверкузен со победата над Штутгарт и Вердер на домашен терен против Аугсбург.
Најубеделивите победи денес ги остварија екипите на Хофенхајм и Волфсбург со 5-1 и 4-0 против екипите на Хамбругер односно Шалке.
Екипата на Борусија Дортмунд својот натпревар против Брауншвајг ќе го одигра утре на свој терен.
Резултати од второто коло: Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен 0-1, Фрајбург – Мајнц 1-2, Хамбургер – Хофенхајм 1-5, Штутгарт – Баер Леверкузен 0-1, Вердер – Аугсбург 1-0, Волфсбург – Шалке 4-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



