| четврток, 6 декември 2018 |

Денес започнува Aнглиската Премиер лига

Со почеток на мечот Ливерпул-Стоук во 13:45 часот денеска започнува најсилната лига на светот.

Ова првенство ќе се памети по тоа што започнува ерата во фудбалот на островото по Алекс Фергусон. Тој ја заврши тренерската кариера минатото првенство по помината 27 години на чело на Манчестер јунајтед и со овој клуб освои се што можеше да се освои.

Оваа година ќе биде најинтересна од кога се игра во овој формат затоа што дури шест клуба подеднакво влегуваат во борба за титулата.

Манчестер јунајтед ја брани титулата и затоа е фаворит број еден. Навивачите на јунајтед се надеваат дека Фергусон ќе му помогне на новиот тренер Дејвид Мојс за продолување на добрите игри на клубот.

Челзи со враќањето на Жозе Мурињо на тренеркото место во клубот од Лондон се вбројува во фаворитите за титулата. Мурињо сеуште се надева на нови засилувања за подобрување на конкуренцијата на секое место во екипата.

Вториот тим од градот Манчестер екипата на Сити сериозно влегува во борбата за првенството. Со доаѓањето на Мануел Пелегрини на клупата на „ граѓаните“ и потпишувањето на Јоветиќ, Негредо, Навас и Фернандињо го вбројуваат тимот како сериозен кандидат и враќање на титулата од сезоната 2011-2012. Пелегрини е на слатки маќи затоа што треба да работи со голем број на ѕвезди во тимот.

Кругот на фаворити се затвара со тимовите на Арсенал, Ливерпул и Тотенхем. Овие три тима се секогаш сериозни кандидати и нема да се откажат за тронот се додека за тоа постои можност.

Во првото коло уште се среќаваат: Арсенал-Астон Вила, Норвич-Евертон, Сандерленд-Фулам, ВБА-Саутемптон, Вест Хем-Кардиф, Свонси-Манчестер Јунајтед, Кристал Палас-Тотенхем, Челзи-Хул и Манчестер Сити против Њукасл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top