Најмалку 28 лица загинаа, а 270 се сметаат за исчезнати по потонувањето на траект кој се судри со товарен брод во централниот дел на Филипините.
Траектот Thomas Aquinas што потона синоќа во близина на пристаништето Цебу превезувал 870 патници и членови на екипажот. Досега се спасени 572 патници, истакна претставникот на крајбрежната стража Луис Туасон.

Спасувачки бродови и хеликоптери во саботата продолжија во извлекувањето на преживеаните од водите крај Цебу, вториот град по големина на Филипините. Можно е некој од исчезнатите да се спасени од страна на помали рибарски бродови кои се придружија во спасувањето.
Сударот се случил на мирно море, ноќе, на оддалеченост од два до три километри од пристаништето Цебу.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Супертајфунот уби 25 лица на Филипините, сега се упатува кон Хонг Конг (ФОТО)
-
Бомба експлодираше за време на прослава на Филипини, има загинати и повредени
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)


