| четврток, 6 декември 2018 |

Докторката на Џоли: Анџелина ја менува историјата на женското здравје

Славната актерка Анџелина Џоли го шокираше светот, кога изјави дека има двојна мастектомија, чисто превентивно. Претходно тајната на Џоли ја знаела само една жена, нејзината докторка Кристи Франк, која го извршила оперативниот зафат во присуство на шесте деца на актерката.

Откако лекарите и посочиле на Џоли  дека е можно да има генетски предиспозиици да добие рак на дојките или јајниците, исто како и нејзината мајка која почина од рак на јајниците во 2007 година на 56 годишна возраст, таа реши да ги отстрани двете дојки и да се спаси од сигурна смрт.

doktorkata na dzoli

Во интервју за еден познат магазин, докторката Франк раскажува за пред и пост оперативните моменти на Џоли, како и детали околу нејзината емотивна состојба:

-За неа ова беше период за многу приватна работа, но чекаше да помине време кога да и ја открие на јавноста оваа вест.

Докторката зборува  дека актерката дала голема жртва од себе за подигнување на свеста на луѓето околу оваа тешка болет.

-Кога една меѓу најубавите жени во светот отстранува дел од своето тело што е симбол на женственост и сексуалност, зошто тоа би го направила? Во моментот е рекалсирана за оваа тема и од овој животен проблем. Прегледите ги извршуваме редовно, таа се чувствува одлично и ништо поразлична од претходно, открива докторката Кристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top