На тенискиот турнир во Синсинати во четвртфиналето Рафаел Надал успеа да го победи Роже Федерер со 2-1 ( 5-7, 6-4, 6-3 ) во сетови.
Мечот одлично започна за Федерер заслужено освојувајќи го првиот сет со одлична игра без многу неизнудени грешки. Надал во вториот сет заигра поангажирано и успеа да влезе во серија и да ги освои преостанатите два сета и да извојува уште една победа и да се пласира во полуфиналето против Чехот Томаш Бердих.
Бердих направи изненадување совладувајќи го Британецот Анди Мареј со 2-0 ( 6-3, 6-4 ). Чехот играше агресивно во текот на целиот меч со што британецот не можеше да парира и направи многу неизнудени грешки.
Во второто полуфинале ќе играат Хуан Мартин дел Потро и домашниот тенисер Џон Иснер. Дел Потро во четвртфиналето го победи потешко од очекувањата со 2-1 во сетови.
Најголемото изненадување во четвртфиналните мечеви го направи Џон Иснер совладувајќи го првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ. с0 2-0 ( 7-6, 3-6, 7-5 ) во сетови. Новак во текот на целиот меч не можеше да најде одговор на извонредниот сервис на противникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.