| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски пратеници се потпишуваат за создавање на Голема Албанија

golema albanija

Македонски пратеници се потпишуваат на петицијата на Кочо Динај за создавање на Голема Албанија, јавува Дневник.

Директорот на албанскиот Инситут за регионални прогнози и основач на движењето „Природна Албанија“ Кочо Динај за весникот вели дека ќе бидеме изненадени од бројот на собранието потписи.

„До 28 ноември годинава, ќе се изненадите колку многу потписи ќе бидат собрани за поддршка на идејата за обединување на Албанците на една територија – во границите предвидени со акт од пред 100 години, за време на Собранието на Влора (Валона) во 28.11.1912“ – вели тој за весникот.

Динај пред еден месец ја започна акцијата за собирње на потписи за формирање на Голема Албанија во која треба да влезат и територии од денешна Македонија.

Кој од пратениците на ДУИ и ДПА се потпишал на неговата петиција, од Тетово и од Мала Речица не сакаат да коментираат за Дневник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top