| четврток, 6 декември 2018 |

Во чест на Ахмети или за пари се веело знамето на САД во Вашингтон?

 

Дел од медиумите на албански јазик се сомневаат во точноста на информацијата дека за време на неговата последна посета на САД во чест на лидерот на ДУИ Али Ахмети се веело американското знаме на Капитол Хил.

Порталот Алмакос потсетува дека уште во 2006 весникот Дневник пишувал дека во Вашингтон можете да добиете подигнување на американско знаме и без чест, само доколку платите.

Според ДУИ на официјалната церемонија во седиштето на американскиот конгрес на Капитол Хил во чест на претседателот на ДУИ било подигнато знамето на САД на 13 август на јубилејот од рамковниот договор.

Според Алмакос секој што може да си дозволи мала донација ќе добие подигнување на американско знаме во негова чест, досега тоа е сторено во чест на 100,000 луѓе кои платиле за тоа.

Во зависност од сумата што ќе ја платите такво знаме ќе добиете а притоа ќе стекнете и сертификат со идентитетот на личноста во чија чест е тоа сторено.

Понекогаш во текот на денот таму се подигаат и по 300 знамиња дневно.

Американската амбасада во Скопје не го коментирала настанот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top