| четврток, 6 декември 2018 |

Анализа: Кој, на­ви­сти­на, ја поч­на „ан­ти­кви­за­ци­ја­та“

Иа­ко не­ко­гаш­на­та Ко­му­ни­стич­ка пар­ти­ја на Ма­ке­до­ни­ја, чијшто наследник е СДСМ, во вре­ме­то на СФРЈ не доз­во­лу­ва­ше да се збо­ру­ва за вр­ски­те на де­неш­ни­те Ма­ке­дон­ци со ан­тич­ки­те, по 1990 го­ди­на, ток­му нив­ни пр­вен­ци ефе­ктив­но го поч­наа тоа што се­га со ис­ме­ју­ва­ње го на­ре­ку­ва­ат „ан­ти­кви­за­ци­ја“

voin na konj

Или како СДСМ, творците на зборот „антиквизација“ самите ефективно го започнаа овој проект уште во раните 90-ти.

 

Сте влег­ле ли не­ко­гаш во сел­ска ко­о­пе­ра­ци­ја? Оние гр­ди зда­ни­ја, кои по се­ла­та ги ви­каа и за­дру­ги? За чи­та­те­ли­те што не зна­ат за овој со­ци­јал­но-кул­ту­ро­ло­шки фе­но­мен, да по­јас­ни­ме де­ка во вре­ме­то на СФРЈ сел­ски­те ко­о­пе­ра­ции беа најб­ли­ска фор­ма на за­пад­на­та де­мо­кра­ти­ја. Та­му се­ла­ни­те до­а­ѓаа да пи­јат, да игра­ат кар­ти и, се­ка­ко, да би­страт по­ли­ти­ка. Тоа беа ви­стин­ски ма­ли пар­ла­мен­ти, а и мно­гу ли­чат на де­неш­но­то Со­бра­ние по на­чи­нот на кој функ­ци­о­ни­ра­ат.

Сел­ска­та ко­о­пе­ра­ци­ја има­ше ед­на спе­ци­фич­на ка­ра­кте­ри­сти­ка. Ко­га се во­деа „де­ба­ти“ по раз­ни пра­ша­ња, не по­бе­ду­ва­ше тој со нај­сил­ни ар­гу­мен­ти и фа­кти, ту­ку тој што мо­же­ше најм­но­гу да ви­ка (и по­втор­но се­ко­ја слич­ност со де­неш­ни­от пар­ла­мент е на­мер­на). Вни­ма­тел­ни­от наб­љу­ду­вач, се­ка­ко, вед­наш ќе сфа­ти де­ка ни­што не се ре­ша­ва­ше во сел­ски­те ко­о­пе­ра­ции, ту­ку цел­та на го­вор­ни­ци­те бе­ше да не се по­ста­ву­ва ви­стин­ско­то пра­ша­ње (во се­ко­ја ва­ква сре­ди­на ре­дов­но има­ше со­ра­бот­ник на УДБА).

Да­де­ни­ов опис не е во­вед во ана­ли­за на ма­ке­дон­ска­та де­мо­кра­ти­ја, ту­ку са­ка­ме са­мо да ја опи­ше­ме пла­стич­но си­ту­а­ци­ја­та со ед­но кон­крет­но пра­ша­ње, тол­ку експ­ло­а­ти­ра­но во ма­ке­дон­ска­та јав­ност, што на мно­гу­ми­на ве­ќе им се ло­ши од те­ма­ва – „Скоп­је 2014“ или т.н. ан­ти­кви­за­ци­ја. Ток­му ка­ко во сел­ска­та ко­о­пе­ра­ци­ја и ов­де од го­ле­ма­та вре­ва за тоа да­ли е се­то тоа кич или не, да­ли сме ан­тич­ки или сло­вен­ски Ма­ке­дон­ци и две­те стра­ни, се­кој од сопс­тве­ни мо­ти­ви, ја кри­јат су­шти­на­та на ова пра­ша­ње.

А, тоа е де­ка про­дол­жу­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја со ан­ти­ка­та е НАЦИОНАЛЕН ПРОЕКТ поч­нат уште од не­за­вис­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја!

За корените на т.н. антиквизација, кои беа главните актери што ја започнаа и зошто скоро сите припаѓаа на македонската левица, прочитајте во последното издание на неделникот Република, кое е веќе во продажба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top