Новиот генерален секретар на владејачката ВМРО–ДПМНЕ можеби беше изненадување за пошироката јавност, но не ги изненади неговите колеги во партијата. Анализата на проектите во кои учествувал покажала дека Димитриев е еден од членовите што има најголем број успешно спроведени активности и дека сосема заслужено се најде на чело на највисокото тело на ВМРО–ДПМНЕ. Од граѓаните бара да оценуваат според делата, не според зборовите.
Во интерјвуто за „Република“ Димитриев објаснува што ѝ носи на ВМРО-ДПМНЕ осум изборни победии и која е разликата со СДСМ.
– Тоа што ВМРО-ДПМНЕ осум пати во низа победува на избори за нас е голема одговорност да ја оправдаме таа доверба пред граѓаните, но и јасен показател дека сме на добар пат во исполнувањето на нашите стратегиски определби за развој и за напредок. Тој чесен и искрен пристап, визијата и програмата за работа, кои создаваат дела, се основната разлика со СДСМ, кадешто има една долга апатија, незаинтересираност за вклучување во процесите и немање визија и програма. Имам чувство дека се раководат според принципот „купи ден помини“. Ако може денес да излезат на прес-конференција и да нѐ искритикуваат за што било, ќе го направат и тоа и не водат сметка што потоа, вели Димитриев.
Според Димитриев ВМРО-ДПМНЕ веќе станала движење кое ги надминува карактеристиките на обична партиска структура.
– Станавме структура што ги надминува карактеристиките на обична партиска структура. И од сегашна перспектива можам да се согласам, да – ние веќе станавме движење во кое народот го има главниот примат. Движење околу кое се обединија граѓаните со единствена цел за напредок, за подобрување на состојбите и за решавање на напластените проблеми. Тоа е движење што настана од народот и затоа тоа ќе се развива сѐ додека сме отворени за квалитетните, за добронамерните и за способните. Тоа е нашата намера и тоа е нашата цел од која нема да отстапиме, вели генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ.
Димитриев во интервјуто зборува и за тоа што може да го даде како импулс од оваа позиција, за агенда на ВМРО ДПМНЕ за Кичево, Струга, но и за други места во државата каде што живеат Македонци, а кои понекогаш имаат чувство дека се загрозени, ги пренесува неговите гледања на потенцијалите на опозицијата во насока да помогне во конечна трансформација на земјата, а зборува и за планот на ВМРО ДПМНЕ со младите луѓе и со студентите што би требало да бидат главната енергија на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)