| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров дебитираше за Барселона

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров го имаше своето деби со пет гола во дресот на Барселона. Кире Лазаров, заедно со Никола Карабатиќ, го одигра својот прв натпревар за новиот тим во полуфиналето на шпанскиот куп против екипата на Бартилс и со убедливи 50-23 се пласираа во финалето.

Лазаров беше втор стрелец во тимот веднаш зад Томас, кој постигна шест. Карабатиќ и Рутенка постигнаа во четири гола.

Со овој состав шпанскиот гигант Барселона е најсериозен кандидат за освојување на Лигата на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top