Во сабота во новиот хотел Романтик во Дојран, со почеток во 21:00 ќе се одржи големото финале на изборот за „Мис на Македонија 2013“ за „Мисс Глобе“.
Вечерва во Св. Николе ќе се одржи последната полуфинална вечер, а синоќа во Велес победи Ана Трајковска од Тетово. За прва придружничка беше прогласена Симона Станковска од Скопје, а втора е Кристина Димитријевска исто така од Тетово.
Во утрешното финале 15-те финалистки од караванот на „Мис на Македонија“ ќе се претстават во неколку изданија. Победничката ќе ја претставува Македонија на изборот за „Мисс Глобе 2013“, а придружничките на други интернационални избори, за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.
Како музички гости ќе настапат Дарко Илиевски, Елвир Мекиќ и Зои Блаж,а водителка на настанот ќе биде Светлана Црнокрак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.