| четврток, 6 декември 2018 |

Најстариот човек во светот има 123 години

najstar covek svet

Властите во Боливија тврдат дека нивниот жител, Кармело Флорес Лаура, е најстариот човек на светот. Тој е припадник на домородците Ајмара, живее во стара куќа со сламен покрив и земјен под, во изолирана заедница на 4.000 метри надморска височина.
Флорес наполни 123 години пред еден месец. Се уште се движи без помагала, нема заби, и не знае да чита. Сепак, џвака листови секој ден, во текот на својот живот. Никогаш немал здраствени проблеми, а најдалеку од дома, бил во град Ла Паз, на 80 километри оддалеченост.
Не зборува шпански, има три деца (жив е само едниот син), 19 внуци и 40 правнуци.
Според централниот регистар на Боливија, тој е роден на 16 јули 1890 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top