| четврток, 6 декември 2018 |

Младите кошаркари се поразени од Англија

Македонската кадетската репрезентација загуби и на последниот натпревар од четвртфиналната фаза на Европското првенство – Б дивизија, по што ќе разигрува до крајот за пласман од 4. до 8. место на турнирот

kadeti kosarka

Избраниците на Саша Димитријевиќ денеска загубија од Англија со 55-57 (12-12,15-20,15-15,13-10), во натпревар во кој бевме сосема рамноправен противник во текот на целата средба. Сепак, предноста од пет поени која Англичаните ја создадоа во вториот период од играта беше пресуден околу конечниот победник.

И покрај триумфот Англија како и Македонија ќе разигрува за пласман од четвртата до осмата позиција, наспроти Словенија и Финска кои од нашата група ќе играат во полуфиналето на турнирот.

Одлична партија против Англија повторно пружи Ненад Димитријевиќ кој дуелот го заврши со 24 постигнати поени, дополнети со шест скока. Андреј Маслинко натпреварот го заврши со 10 поени и 9 скока, а со 10 поени заврши и Михајло Митев, кој имаше и осум скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top