Земјоделците не ретко кажуваат дека извезуваме домати, а увезуваме кечап, извезуваме компири, а увезуваме чипс, нема фабрика за сушење јајца или производство на млеко во прав. Во Агенцијата за поддршка на земјоделството и рурален развој велат дека откако се достапни европските пари за македонските земјоделци, има интерес за отворање преработувачки капацитети. Досега се одобрени 20 проекти вредни околу 4,4 милиони евра, пишува Дневник анализирајќи ги преработувачките капацитети.
– Иако конзервното производство во 2011 година порасна за пет отсто, а извозот за 20 отсто, конзервните фабрики работеа со само 40 отсто од своите капацитети. Тоа се должи пред сѐ на недостигот од суровини и недоволниот пристап до извори за финансирање.
За континуиран извоз на голем пазар, мора да одговорите со количество. Kај нас фабриките се мали, сезонски се работи и ако сакаме сериозен настап на големите пазари, мора да се здружуваме и да произведуваме по слични рецептури -велат за Дневник во Асоцијацијата на преработувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Лотки: Летно мезе од модар патлиџан
-
Најдобриот совет за слабеење ви е пред носот
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)


