Најновото американско истражување потврди дека марката на автомобилот што ја избира возачот, сепак, има врска со неговите возачки способности и однесувањето зад воланот.
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија покажа дека најлоши возачи се сопствениците на БМВ. Ова беше потврдено од страна на Пол К. Пиф, кој работел на оваа студија.
Набљудувајќи 152 автомобили и нивните возачи, тестот покажал дека кога станува збор за раскрсници без семафори, возачите на поскапи и луксузни автомобили секогаш први ја користат можноста за предност, пред сите други учесници во сообраќајот.
Но, не се оцрнети само возачи на луксузни автомобили. Во нивно друштво се најдоа и оние што возат „тојота приус“. Токму тие се најмногу склони кон кршење на сообраќајните закони и прописи.
Сепак, ова исто истражување покажа дека осум од 10 возачи ќе ги пуштат пешаците да поминат на пешачки премин, особено кога станува збор за поубавиот пол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила
-
Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови


