| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од древниот град во Медитеранското Море

dreven gradАрхеолозите открија древен град кој бил проголтан и затрупан од песок од Медитеранско Море, кој постоел пред 1.200 години.

Оригинално наречен Хераклеон од страната на Грците, а потоа преименуван во Тонис од страна на Египќаните, постоењето на овој древен град по првпат е потврдено во 2000 година кога д-р Франко Годио, подводен археолог, го направил едно од најзначајните откритија на 21 век.

Заедно со својот тим од Европскиот институт за подводна археологија, Годио го откри загубениот град во Александрија. Последните 13 години истражувачите макотрпно го ископувале овој град, покренувајќи ги одамна заборавените парчиња историја на површината.

Како на површината се собирал материја, Годиов и неговиот тим констатирале дека можат да направат виртуелен модел на градот – онака како што можел да изгледа пред илјада години.

Популарното гледиште е дека овој град бил пристаниште поради локацијата на која се наоѓал, а откриените предмети одат во прилог на ова тврдење.

Иако е решена една голема мистерија, постои уште еден голем знак прашалник кога е во прашање ова откритие.

Многу малку експерти со целосна безбедност можат да кажат како овој град завршил на дното на морето. Што го предизвикало неговото потонување? Дали самиот се урнал? Дали е во прашање природна катастрофа?

Годио поминал бројни часови обидувајќи се да ги состави сите делови од оваа сложувалка за да дојде до одговори.

Според неговата теорија, масивните камења кои биле користени во изградбата, многу лесно можеле да потонат низ меката глина која темелите ги држела на едно место, а во случај на земјотрес, целиот град можел да се лизне и да се загуби во морските длабочини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top