Во случај да се жалите дека погребот кај нас е скап, еве можност да видите дека има и бетер. Се работи за првиот „меморијален вселенски лет“ на кој кремираните остатоци на починати луѓе ќе бидат однесени во Земјината орбита. Тој ќе се одржи идната година во Кејп Канаварел на Флорида. Летот го организира американската компанија „Елисиум Спејс“. Ако сакате да си резервирате пат на вашите остатоци ќе ве чини 2.000 долари. По лансирањето вселенскиот брод ќе остане неколку месеци во Орбитата, а потоа ќе изгоре во атмосферата.
Основачот на „Елисиум спејс“ смета дека неговата идеја е интересна за оние луѓе кои вселената ја доживуваат како посебно и убаво место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


