Повеќе од десет годинии Лимонка Постолова е жртва на семејно насилство. Речиси секојдневно трпи физичка и психичка тортура од својот насилен но најчесто и пијан сопруг, пренесува во сторијата на својата кумановска дописничка Канал 5.
– Порачувам институциите да реагираат бидејќи постојано го малтретира целото семејство. Поради него син ми не смее да оди на работа. Во сабота штом синот отиде на работа веднаш ме претепува- изјави Лимонка Постолова жртва на семејно насилство од село Трновац, кратовско.
Од кратовската полиција велат дека преземале се што е во нивна надлежност а насилниот не можат да го притворат без судска наредба. Тој ќе одговара за телесна повреда при семејно насилство.
Од Центарот за социјални работи информираат дека работат согласно Законот. Сега за сега можат да и помогнат само со доделување еднократна парична помош.
фото канал 5
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.