| четврток, 6 декември 2018 |

Сиромаштијата го натерала да измисли светилка на вода (видео)

sijalica na vodaАлфредо Мосер, сиромашен човек од Бразил, измислил светилка која работи без струја. До овој изум дошол случајно, а на тоа го натерало маката зашто во темните соби во неговиот дом не доаѓала светлина ни преку денот. Изумот е наречен Мосерова светилка, а досега ги осветлила домовите на милион сиромашни низ Бразил.

Една светилка на Мосер може да осветли една просторија и таа се прави едноставно. Во обично пластично шише со вода се става избелувач, а потоа се става на кровот. Дупките околу шишето се затвораат со силикон за да не прокиснува кровот.

Светилкатароизведува светлина од 40 до 60 волти, која се собира од сончевата енергија.

– Господ ја создал сончевата светлина и таа припаѓа на сите, изјавил бразилецот.

Тој не се збогатил од овој изум, освен по некоја долар што го зема од другите луѓе за да им „вгради“ од неговата светилка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top