Контроверзниот Роби Вилијамс на својот концерт во Загреб ја извлече од публиката неговата обожавателка и ја однесе во кревет. Барем тој на сцената.
– Можеби мислиш дека сум перверзен, но единствено место каде што можам да те стоплам е во кревет – ѝ рече пејачот на 21-годишната загрепчанка Маја
Маја, како голем обожавател на Роби, пристигнала со нејзиното друштво во „Максимир“ уште од 15 часот за да си фати место во првиот ред.
– Не сум сигурна дека успеа да ми ги види градите. Кога му кажав колку години имам, рече дека сето тоа е во ред, дека сум легална, а потоа ме одведе во кревет. Што се случуваше во онаа неполна заедничка минута, нема да ви соопштам, тоа ќе остане тајна меѓу мене и Роби – рече Маја за „Антена Загреб“.
– Прекрасно мирисаше, затоа и толку силно го гушкав. Цело време се држевме за рака, а она што не можевте да го чуете, се сите комплименти кои ми ги упатуваше кога ќе го тргнеше микрофонот. Многу сака да ласка, па добив повеќе од 50 комплименти – додаде таа за хрватски „Индекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)