The Real Husbands of Hollywood
„Вистинските холивудски сопрузи“, хумористична серија за шестмина момци. Оригинално е претставена во 2011 со Семуел Л. Џексон, се смета дека оваа серија ќе „залепи“ голема публика.
Кевин Бејкон се враќа на телевизијата со „Следење“, психолошка драма за поранешен федерален агент, Рајан Харди (БЕјкон) кој се враќа во Агенцијата на помош во лов по сериски убијци инструирани од затворен убиец- личен непријател на Харди.
The Walking Dead Season 3, (2 и 4)
Третата сезона внесе живот во серијата за борбата со живите мртовци, откако целиот сет го смести во поранешен затвор и воведе нови ликови.
Кога „Игра на тронови“ се врати со третата сезона, приказната за седумте кралства ги изненади сите. Благодарејќи на епскиот извор, книгата „ Бура од Мечеви“ оваа сезона носи нешто посебно во себе. И поголеми змаеви.
По седум години, дисфункционалното Блус семејството конечно се враќа во „Попречен развој“ сезона 4. Иако шоуто имаше проблеми со малиот број гледачи, популарноста му нарасна кога целата серија беше ставена на Netflix. Така, итернет- компанијата сега си нарача нова сезона, а ќе биде овозможено целата одеднаш да се гледа на нејзиниот сервис. Овој зафат може да влијае на тоа како се прифаќа телевизијата.
„Чиста хемија“, како е преведена оваа серија на Балканот, по 5 годишната трансформација на Волтер Вајт од учител по хемија во наркомански главешина, приказната ќе биде завршена. И светот ќе се бори за здив чекајќи го крајот.
Сега кога Марвел има втора фаза во филмската уметност, време е некои суперхерои да доживеат и телевизиски успех преку S.H.I.E.L.D. (Штит), серија за организација создадена да го надгледува и заштитува светот од вонземни опасности.
Ако се оди според планот, годинава ќе биде последна за омилениот телевизиски убиец, Декстер Морган. Но дали ќе го фатат или повторно ќе избегне на крајот, сеуште не се знае. Секако, постои сомнеж дека повторно е маркетиншки трик, по најавата за финалната седма сезона. Затоа, нема да изненади Декстер 9.
Кога Дизни најави дека ќе развие нова серија по хитот „Boy Meets World“, преведена како „Најдобри години“ , носталгија го обзеде интернет и можеби за прв пат сите се сложни: да се вратат Кори и Топанга. Сега сите се подготвени да го видат овој пар, но сега венчани со деца.
„Доктор Ху“ една од најомилените серии прославува 50 годишнина, па сите очекуваат што екипата ќе прикаже на фановите. Засега, ништо не е објавено, желбите се дека некои од шестмината ктери што го глумеа докторот ќе се вратат. Како и да е се очекува од БиБиСи да оди до крај за серијалот од половина век.
Првично замислен како последен филм на Кевин Смит сега добива третман на мини серија. Доколку Смит планирал да се пензионира по се што стори, неговиот прв обид за серија може да предизвика ново поглавје во неговата кариера- да ги преработи култните режисерски прикаски од киносалите во дневната соба.
Бидејќи не се сите запознаени со Дерен Браун, еве неколку факти:
Дерен Браун е еден од најголемите магионичари во светот.
Дерен Браун е еден од најдобрите изведувачи во светот.
Од тоа да се натера некој да признае убиство што не се ни случило, до Апокалипса за еден „Среќник“, Дерен Браун го надгради типичното магионичарско шоу со серија за релевантни екстремни социјални експерименти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.












