Летен дожд го најави концертот на Роби Вилијамс во Загреб.
Еден час и половина пред почетокот на концертот, Загреб беше зафатен од силен дожд, но концертот на британската ѕвезда почанал без доцнење.
Британскиот пејач својот концерт во рамките на „Take the Crown“ го почна со хитот „Let Me Entertain You“, а претходно се претстави како „Robbie fucking Williams“.
На сцена се спушти со сајла од висина од околу 20 метри, а пред стартот на концертот направи и неколку склекови.
Следуваа неговите хитови со кои ја забавуваше 45-илјадната публика. Задоволен, на крајот изјави дека ќе се врати назад. Во Загреб на концертот на Роби отпатуваа и многу Македонци.
Фото: Стори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип