| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски го одби Иванов

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, попладнево го одби предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов да се формира експертска комисија која ќе ги утврди настаните на 24 декември и претходно

crvenkovski

-Вашиот предлог за формирање „експертска комисија“ за утврдување на фактите го оценуваме како уште еден обид да се одложи соочувањето на актуелната власт со сопствената одговорност, и затоа за нас е неприфатлив. Ниту на домашната, ниту на меѓународната јавност не им се потребни комисии за да се утврдат фактите, бидејќи снимките со вистината за прекршување на процедурите, Деловникот, Законите и Уставот и суспендирањето на македонската демократија веќе го обиколија светот“- напиша Црвенковски во писмото до Иванов.
Тој притоа уверува дека кај СДСМ постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдат и реализират сите предуслови за одржување слободни и фер предвремени парламентарни избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и враќање на демократијата во земјата.

Иванов денеска претпладне упати писмо до Црвенковски, до премиерот Никола Груевски и до претседателот на СОбранието, Трајко Вељаноски, во кое иницира формирање непартиска експертска комисија која ќе ги расчисти настаните од 24 декември во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top