| четврток, 6 декември 2018 |

Грците уапсија македонски државјанин баран од Германија за шверц на дрога

bogorodica granica

Грчките погранични власти од преминот „Евзони“ вчера уапсиле 24-годишен македонски државјанин кој бил баран од германските власти за шверц на дрога.

Откако бил уапсен, македонскиот државјанин бил пренесен во Килкис, каде што дал изјава, а бидејќи станувало збор за меѓународен криминалец, тој со полициска придружба е пренесен во солунскиот затвор, каде што дал изјава пред главниот јавен обвинител на Солун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top