Повеќе од 80 кумановци во последниот месец заминале да работат на брод во Америка откако останале без работа во базите во Авганистан. Според податоците на агенцијата „Коузон корпорејшн“ од Скопје, во последниве неколку месеци 170 кумановци аплицирале за работа на брод, а 84 си го оствариле сонот, објави „Кумановоњус“.
Кумановци во изминатите десетина години станаа главни печалбари во земјите на Блискиот Исток откако се покажаа како добри работници. Тоа ја подобри матерјално-финасиската состојба во семејствата и градот бидејќи платите се движеа од 2 до 10.000 евра.
– Има голем интерес во последно време. Се работи, главно, за луѓе кои биле во Авганистан и имаат искуство со работа во странство и сега бараат работа на брод. Тие имаат поголеми шанси да поминат на интервју. Само на брод за еден месец отидоа 84 луѓе од Куманово, а посебно се сметаат другите програми кои ги нудиме. Има интерес за Катар и за Дубаи – вели Атанас Паланов, менаџер за вработување во „Коузон корпорејшн“.
Преку агенцијата „Контекст“ од Скопје десетина кумановски студенти заминале на сезонска работа во Германија и во Америка. Тоа се претежно млади луѓе на возраст до 26 години, кои имаат статус на студенти и одлично го познаваат англискиот јазик.
За ваквиот одлив на млади образовани кадри социологот Светлана Илиевска-Алексовска вели дека мотивот е борбата за егзистенција.
– Недостигот од работни места, помалку можности за личен и професионален развој, недостигот од почит за стекнатото образование и знаење се главните причини. Немањето просперитет во оваа држава создава револт кај секој млад човек, кој бара начин за подобра иднина. Тие се на родителите и прифаќаат да работат било што, а иднината ја гледаат надвор од земјава – изјави социологот.
Кумановци во изминатите десетина години стана главни печалбари во земјите на Блискиот Исток откако се покажаа како добри работници. Тоа ја подобри матерјално-финасиската состојба во семејствата и градот бидејќи платите се движеа од 2 до 10.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.