| четврток, 6 декември 2018 |

Пропадна референдумот за изградба на нуклеарката Белене

Поради слаба излезност најверојатно пропадна референдумот за изградба на нуклеарката белене покажуваат излезните анкети.

Од околу околу 6,5 милиони гласачи во Бугарија кои требаше да се изјаснат дали сакаат  да се изгради нуклерка  својот глас го дале само околу еден милион и двесте илјади или 20 проценти од гласачите што е недоволно за успешен референдум

За успех на изјаснувањето потребни беа 60 проценти од гласовите. Референдумот се одржа откако опозицијата собра половина милион гласови со кои сакаше да ја убеди владеачката партија на Бојко Борисов да го гради 10 милијарди евра скапиот проект. Рефереднумот се смета за барометар за изборите кои треба да се одржат годинава но и за односот кон Русија чии компании треба да ја градат нуклеарката.

Доколку референдумската комисија ги потврди резултатите за прашањето ќе расправа параламентот но владата нема никакви обврски да ја гради нуклеарката белене која треба да ја спаси бугарија од енергетска криза отакако во 2007 се обврза да ја затвори старата хуклеарака козлудуј. Наместо нова Борисов повеќе сака да ја доградува старата централа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top