Нашите фудбалери од понеделникот се заедно и веќе двапати тренираа, а за селекторот Чедомир Јаневски овој дуел е последен контролен пред продолжувањето на квалификациите за Светското првенство во септември.
И во септември двата дуела од квалификациите со Велс и со Шкотска ги играме на домашен терен.
Селекторот не повика нов играч на местото на повредениот Александар Тодоровски.
На последните два натпревара од квалификациите со Белгија, како и на пријателските со Шведска и со Норвешка, реализацијата беше главен проблем. Но, повиканите фудбалери, пред сѐ напаѓачите, се во добра голгетерска форма во своите екипи.
– Добро е да ја прекинеме серијата негативни резултати. Сите напаѓачи се во добра форма и постигнуваат голови. Очекувам да се оствари победа на домашен терен – истакна Јован Костовски, кој е единствениот фудбалер на списокот од домашното првенство.
Тој деновиве беше во Букурешт, каде што требаше да потпише договор со Динамо, но од тоа нема да има ништо, барем засега.
Македонија и Буграија досега имаат одиграно пет натпревари. Нашата репрезентација има една победа, Бугарија победувала трипати, а еден натпревар завршил нерешено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“