| четврток, 6 декември 2018 |

Сокол Митровски бара трет мандат за градоначалник на Ѓорче – нуди нови 150 проекти

„Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Ѓорче Петров“ е изборната програма залокалните избори на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски.

На презентацијата во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ присуствува и премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајновски и пратеници во Собранието на Република Македонија.

Градоначалникот Митровски изјави дека приоритет во неговите програмски определби за претстојните локални избори ќе му биде реализацијата на 150. проекти  меѓу кои завршувањето на фекалната канализација и водоводната мрежа и асфалтирањето на сите патиште,  како во руралниот, така и во урбаниот дел од општината.

Вети и завршување на пречистителната станица во Ново Село со која ќе се заштитат подземните и површинските води во општината, како и артерските бунари од кои се задоволуваат 30 отсто од потребите за вода за пиење на скопјани во летниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top