Најмалку 18 морнари останале заробени во индиската подморница која експлодирала, по што била зафатена со пожар во пристаништето во градот Мумбај.
Експлозијата се случила околу полноќ, а на пожарникарите им биле потребни неколку часа за да го стават пожарот под контрола. Според официјалните лица, подморницата претрпела големи оштетувања и е делумно потоната.
– Морнарите останаа заробени на подморницата и се обидуваме да ги спасиме, а претпоставките се дека станува збор за 18 луѓе. Нема да се откажеме додека не ги извлечеме – изјави портпаролот на морнарицата на Индија.
Дел од морнарите успеале да се спасат скокајќи во морето, а други се повредени и префрлени во болница, пишуваат индиските медиуми.
Засега не е јасно што е причина за експлозијата на подморницата „INS Sinhurakshak“, но се верува дека е несреќен случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


