
Најдобрата натпреварувачка на сите времиња во оваа дисциплина ги воодушеви домашните навивачи триумфирајќи со скок од 4,89 метри, со што ја освои својата трета титула на светските шампионати.
Двократната олимписка шампионка и светска рекордерка претходно славеше во 2005 во Хелсинки и во 2007 година во Осака. 31-годишната Исинбаева претходно најави дека со учеството на Светското првенство во Москва ја завршува својата кариера.
Сребрен и бронзен медал освоија Американката Џенифер Сур и Кубанката Јарисли Силва со скокови од 4,82 метри.
Американецот Лешон Мерит си ја врати титулата светски шампион на трката на 400 метри, со најдобро истрчано време сезонава од 43 секунди и 74 стотинки. Американецот ја освои титулата и на СП во Берлин во 2009 година. Сребрениот медал го освои неговиот сонародник Тони Меквај, додека бронзата му припадна на Лугелин Сантош од Доминиканската република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


