Хуманитарниот и меморијален турнир во мал фудбал во Љубанци, кој ќе биде во чест на загинатите бранители од село Љубанци во конфликтот од 2001 година, ќе се одржи во недела на 18-ти август. Годинава традицијата продолжува со одржување на меморијалниот турнир во мал фудбал „Љубанци 2013“, кој својата се одржува секоја година од 1974-тата и трае се до денес.
Од 2001 година турнирот добива поинаков контекст и се игра во чест на загинатите бранители од село Љубанци во конфликтот од 2001 година.
Еден од организаторите и подржувачите на турнирот годинава е и Јохан Тарчуловски, известува неговиот портпарол Стефан Насевски.

Подготовки за неделниот турнир
СИТЕ СОБРАНИ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА ОД ПРИЈАВЕНИТЕ ЕКИПИ ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ ОД СЕЛО ЉУБАНЦИ ВО КОНФЛИКТОТ ОД 2001 ГОДИНА.
Награден фонд на турнирот:
1 место – 90 000 денари;
2 место – 50 000 денари;
3 место – 30 000 денари.
Исто така ќе бидат доделени вредни награди за:
– Најдобар играч;
– Најдобар голман;
– Најдобар стрелец.
Од оваа година ќе биде доделена и награда за најдобра и најгласна публика, бидете дел и не пропуштајте го големиот Хуманитарен и меморијален турнир во мал фудбал „Љубанци 2013“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


