Италијански пилот е повреден откако денеска во близина на албанскиот град Берат, се урна хеликоптер на приватна компанија што врши испитување на наоѓалишта на нафта во тоа подрачје.
Хеликоптерот со задниот дел удрил во дрвја од блиската шума по што леталото се урнало, но не експлодирало.
Пилотот Луца Калдери (46) е хоспитализиран во приватна болница во Тирана и е надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


