| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарите ќе навиваат за фудбалерите утре против Бугарија

Kако резултат на добрата соработка меѓу фудбалската и кошаркарската федерација на Македонија, македонските репрезентативци Антиќ, Илиевски, Гечевски, Мекелеб, браќата Стојановски и сите останати наши кошаркари утре ќе ги бодрат своите колеги на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија

bo-mccalebb-pero-antic-2011-9-3-13-40-9

На овој начин фудбалската и кошаркарската куќа на Македонија јасно ја покажуваат желбата за соработка, која се надеваат дека ќе продолжи и во иднина, а би била во функција на македонскиот спорт.

“Младите, како и останатите љубители на спортот треба да бидат на трибините и да ја бодрат својата репрезентација и боите на својата земја. Поддршката од публиката е особено важна за спортистите, тоа не мотивира, не тера да играме со цело срце и да вложиме максимум енергија за победа, и токму затоа ние кошаркарите утре ќе навиваме за Македонија. Им посакуваме успех на фудбалерите, и се надеваме дека нашата поддршка дополнително ќе ги охрабри” – изјавија од таборот на кошаркарската репрезентација на Македонија.

Извор: екипа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top